Во август 2018 се издадени 192 одобренија за градење, што е за 17.2% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1 513 987 илјади денари, што е за 52.4% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 102 (53.1%) се наменети за објекти од високоградба, 30 (15.6%) за објекти од нискоградба и 60 (31.3%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 192 објекти, на 127 (66.1%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 65 (33.9%) објект инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 285 станови, со вкупна корисна површина од 24 783 м2. (Државен завод за статистика)