За Нас

Македонско-Руската стопанска комора е основана и промовирана во рамки на третата меѓувладина седница на одржана на 25 Март 2005 година во Скопје.

Во услови на создавање на коморски плурализам, група ентузијасти од руско македонското друштво за пријателство и трговскиот претставник на Руската Федерација во Република Македонија ја покренаа иницијативата за формирање на една ваква невладина организација. Основниот мотив беше таа да биде мост за обновување и поставување на нови бизнис релации помеѓу македонските и руските бизнисмени.

Денес, Македонска Руска Стопанска Комора претставува составен дел на коморскиот живот во земјата. Преку својата работа успеа да си го пронајде местото во однос на соработката со бизнис заедницата и да ја задржи основната цел на своето постоење, односно да биде вистинската врска за бизнисмените од Република Македонија и Руската Федерација.

Македонска Руска Стопанска Комора е партнер со Стопанската комора на РФ, како и на повеќе регионални руски комори: Московската, Ростовската, Самарската, Липецката, Вороњешката, Вологодската како и комората на Сочи.

Притоа, врз основа на континуираната соработка со македонските институции, комората се изгради и како доверлив партнер на полето на соработка со Руската Федерација, и поради тоа е член на мешовитата Македонско- Руска меѓувладина комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка.

Сето ова е значајно, пред се, поради тоа што за Македонска Руска Стопанска Комора во прв ред се интересите на нејзините членови. Бидејки без поддршката на сите поранешни и сегашни компании членови на комората, таа немаше да биде тоа што е.

Нашето мото е:

„Мост за стопанско поврзување на Република Македонија и Руската Федерација“

Адреса: ул. „Димитрие Чуповски “бр.13 1000 Скопје

Контакт телефон: ++ 389 2 32 33 370, ++ 389 2 32 44 027

Мобилен телефон: ++ 389 70 302-950

Е-пошта: maruko@t-home.mk; marukomk@gmail.com

ОРГАНИЗАЦИСКА СТРУКТУРА

Статут на комората

Преземи – PDF


Програма за работа

Програма за работа за 2015 год – преземи PDF

Програма за работа за 2014 год – преземи PDF

Програма за работа за 2013 год – преземи PDF

Програма за работа за 2012 год – преземи PDF

Програма за работа за 2011 год – преземи PDF

Програма за работа за 2010 год – преземи PDF

Програма за работа за 2009 год – преземи PDF

Програма за работа за 2008 год – преземи PDF

Програма за работа за 2007 год – преземи PDF

Програма за работа за 2006 год – преземи PDF

Годишни Извештаи

Финансиски Извештај 2014 – преземи PDF

Финансиски Извештај 2013 – преземи PDF

Финансиски Извештај 2012 – преземи PDF

Финансиски Извештај 2011 – преземи PDF

Финансиски Извештај 2010 – преземи PDF

Финансиски Извештај 2009 – преземи PDF

Финансиски Извештај 2008 – преземи PDF

Финансиски Извештај 2007 – преземи PDF

Финансиски Извештај 2006 – преземи PDF

Финансиски Извештај 2005 – преземи PDF