Индексот на индустриското производство во ноември 2018 година, во однос на ноември 2017 година, изнесува 104.9.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2018 година, во однос на ноември 2017 година, бележи пораст од 6.4 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од
4.8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 4.2 %.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во ноември 2018 година, во однос на ноември 2017 година, бележи пораст кај Енергија за 4.7 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 6.5 %, Капитални производи за
7.8 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 2.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.7 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – ноември 2018 година, во однос на периодот јануари – ноември 2017 година, изнесува 105.2.(Државен завод за статистика)