Индексот на индустриското производство во октомври 2018 година, во однос на октомври 2017 година, изнесува 106.4.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2018 година, во однос на октомври 2017 година, бележи пораст од 12.9 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 6.0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 7.0 %. Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во октомври 2018 година, во однос на октомври 2017 година, бележи пораст кај Енергија за 8.1 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 9.1 %, Капитални производи за 6.7 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 33.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.3 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – октомври 2018 година, во однос на периодот јануари – октомври 2017 година, изнесува 105.2.(Државен завод за статистика)