Трговската размена меѓу Република Македонија и Руската Федерација до крајот на август пораснала за 23,9 отсто и ја достигнала вредноста  под 144,8 милиони САД долари.Лани во истиот период  размената меѓу двете земји изнесувала 116,9 милиони САД долари.
Притоа, во осумте месеци од годинава увозот на стоки од Руската Федерација процентуално расте за повеќе од двојно од македонскиот извоз во оваа земја и земјава бележи трговски дефицит  во размената во висина од 78,1 милиони САД долари.Македонските компании на големиот руски пазар во овој период пласирале стоки во износ од 33,3 милиони САД долари (лани во истиот период 12,9 милиони САД долари) што е раст од 12,9 отсто. Од друга страна, купувањата од рускиот пазар ја достигнале сумата од 111,4 милиони САД долари ( лани 87,3 милиони САД долари) што е раст од 27,6 отсто.
Инаку, според претходните податоци на Државниот завод за статистика, до крајот на август вкупната трговска размена на Република Македонија со светот изнесувала 8,30 милијарди САД долари.Притоа,  вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-август 2017 година, изнесува 3,53 милијарди САД долари и бележи пораст од 13.2% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4,77 милијарди САД долари, што е за 8.6% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-август 2017 година, изнесува 1, 24 милијарди САД долари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-август 2017, изнесува 73.7%.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони
или бродови, моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел) и фероникелот. Во увозот најмногу се
застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени
или во облик на прав и електричната енергија.
Во периодот јануари-август 2017 година, според вкупниот обем на надворешно трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.
Обем на размената, 01 – 08 2017
Покриеност на увозот со извоз
463 263 018 илјади денари
73.7%
7 520 725 илјади евра
73.7%
8 308 492 илјади САД долари
73.9%