До крајот на септември вкупниот обем на размената на Република Македонија со светот изнесувал 11,64 милијарди САД долари.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во овој периодот изнесувал 5,04 милијарди САД долари и бележи пораст од 22.7% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесувала 6,59 милијарди САД долари што е за 19.5% повеќе во споредба.со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-септември 2018 година, изнесува 1,54 милијарди САД долари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-септември 2018, изнесува 76.7%.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството накатализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснато-валаните производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Во периодот јануари-септември 2018 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Грција, Велика Британија, Србија, и Бугарија. (Државен завод за статистика)