Бруто-домашниот производ (БДП)  на Република Македонија за третото тримесечје од 2018 година е  со стапка на раст од 3.0 %.
Во третото тримесечје од 2018 година, најголем пораст е забележан во секторите: Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 17.0 %; Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 9.4 %; и Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 7.7 %.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2018 година, номинално расте за 5.0 %, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 62.5 %.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 16.4 %, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 12.6 %.(Државен завод за статистика)