Во март месец годинава земјава ја посетиле само 275 туристи од Руската Федерација.Тоа е 0,7 отсто од вкупниот број на туристи кои допатувале во Република Македонија. Руските гости освариле 1.156 ноќевања, што е 1,6 отсто од вкупниот број ноќевања што го оствариле странските  туристи.
Според податоците на Државниот завод за статистика, пак, вкупниот бројот на туристи кои  во март 2018 година ја посетиле Република Македонија изнесува 53 836, а бројот на ноќевањата изнесува 108 638.
Бројот на туристите во март 2018 година, во однос на март 2017 година, е зголемен за 25.1 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 18.7 %.
Бројот на домашните туристи во март 2018 година, во однос на март 2017 година, е зголемен за 18.5 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 28.4 %.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2018 година, во однос на март 2017 година, е зголемен за 3.6 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 28.5 %.
Во периодот јануари – март 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 17.3 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 10.1 %, а кај странските има зголемување за 21.5.%.
Во периодот јануари – март 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 17.7 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 12.5 %, а кај странските има зголемување за 21.4.%.
Скопје во март годинава го посетиле 22 489 туристи, од кои 3 160 домашни, а 19 329 странски.  Во езерските места престојувале 13 830 гости, од кои  5 554 се домашни, а  8 276 странски. На планинските места  имало 3 528 туристи, од кои  2 291 домашни и 1 237 странски туристи. На бањските места се евидентирани 1 986 гости, 1 766 домашни и  220 странски.
Најмногу или 3 413 туристи имало од Грција, потоа  2 103 од Косово,  3 913 од Бугарија,  1 834 од Албанија,  3 665 од Србија,  3 072 од Турција, 1 447 од Хрватска, 1000 од САД,  931 од Шведска, додека од другите земји  гостите се во помал број.
Во оваа прилика да споменеме дека девизниот прилив од странските туристи, како што бележи Народната банка на Република Македонија,  лани достигна 287 милиони евра и е поголем за 34 милиони евра во споредба со истиот период претходната 2016 година. Од друга страна, македонските туристи во 2017 година потрошиле 183 милиони евра на патувања во странство. Според овие бројки, лани во туристичкиот сектор во земјава се реализирани 470 милиони евра, при што е остварена заработка од 104 милиони евра.
Охрабрувачки за туристичкиот сектор е што од година во година расте износот на парите што странците ги трошат при посетата на нашите туристички центри. Така, минатогодишниот прилив на девизи во туризмот е за 49 милиони евра поголем во споредба со 2015 година, а дури 65 милиони евра отколку во 2014 година. Се очекува овој тренд да продолжи и оваа година, а статистичките податоци за првите месеци покажуваат дека оваа прогноза е на пат да се оствари.