Во месец мај 2018 година, се издадени 222 одобренија за градење, што е за 7.9 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 529 344 илјади денари, што е за 4.2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 116 (52.2 %) се наменети за објекти од високоградба, 41 (18.5 %) за објекти од нискоградба и 65 (29.3 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 222 објекти, на 116 (52.3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 106 (47.7 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 477 станови, со вкупна корисна површина од 38 951 м2.( Државен завод за статистика)