Во јуни е забележено минимално зголемување на  број на руски туристи кои престојувале во земјава.Статистиката евидентирала  посета на 775 руси, што е 1 отсто од вкупниот број на туристи кои што допатувале во земјава. Руските туристи освариле 2.096 ноќевања, што е 1,2 отсто од вкупниот број на ноќевања што ги реализирале туристите од странство.
За споредба, најголем број на туристи имало  од Турција над 11.717, Србија 6.133, Полска 5.841, Бугарија 4.887 Холандија 4.489…
Вкупно Република Македонија во јуни 2018 година ја посетиле 102 327 туристи, кои оствариле  243 175.
Бројот на туристите во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, е зголемен за 20.7 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 23.4 %.
Бројот на домашните туристи во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, е зголемен за 15.9 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 22.4 %.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, е зголемен за 11.4 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 29.5 %.
Во периодот јануари – јуни 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 16.4 % и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 9.3 %, а кај странските има зголемување за 19.8 %.
Во периодот јануари – јуни 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 16.0 % и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.6 %, а кај странските има зголемување за 21.9 %.(Државен завод за статистика)