Вкупните депозити на корпоративниот сектор (кој го опфаќаат јавните и приватните нефинансиски друштва)  во април бележат  месечен пад од 0,9%, заради намалувањето на депозитите во странска валута, само делумно надоместено од растот на денарските депозити.
Од друга страна, на годишна оcнова, депозитите се зголемија за 4,1%, при што најголем придонес кон растот имаат денарските депозити,т.е. депозитните пари и долгорочните депозити, наспроти намалувањето кај краткорочните девизни депозити.
Во април, кај кредитите на корпоративниот сектор е евидентиран месечен и годишен раст  од 0,2% и 2,3%, соодветно. Притоа, кредитниот раст на месечна и годишна основа целосно се објаснува со зголеменото кредитирање на корпоративниот сектор во денари, во услови на намалено кредитирање во странска валута, соопштуваат од Народната банка на Република Македонија.