За десет месеци или до крајот на октомври Република Македонија остварила размена на стоки со светот во износ од 13,225 милијарди  САД долари.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во овој периодот изнесувала 5,734  милијарди САД долари и бележи пораст од 23.0 % во однос на истиот период од претходната година.
Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесувала 7,490 милијарди САД долари, што е за 19.9 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – октомври 2018 година, изнесува 1,755 милијарди САД долари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – октомври 2018 година, изнесува 76.7 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснато-валаните производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Обем на размената, 01-10 2018

Покриеност на увозот со извоз

684 570 684 илјади денари

76.7 %

11 128 633 илјади евра

76.7 %

13 225 453 илјади САД долари

76.6 %

Во периодот јануари – октомври 2018 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Бугарија. (Државен завод за статистика)