Индексот на индустриското производство во септември 2018 година, во однос на септември 2017 година, изнесува 104.5.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2018 година, во однос на септември 2017 година, бележи пораст од 4.7 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 3.6 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 19.2 %.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на метали, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во септември 2018 година, во однос на септември 2017 година, бележи пораст кај Енергија за 15.5 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 5.1 % и Капитални производи за 14.9 %, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 1.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.1 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – септември 2018 година, во однос на периодот јануари – септември 2017 година, изнесува 105.0. (Државен завод за статистика)