Индексот на бројот на работниците во индустријата во ноември 2017 година, во однос на ноември 2016 година, изнесува 104.7.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2017 година, во однос на ноември 2016 година, бележи опаѓање од 1.1%, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 5.4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација oпaѓање од 0.6%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во ноември 2017 година, во однос на ноември 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 12.9%, Капитални производи за 15.0% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 2.4%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 0.8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.2%.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – ноември 2017 година, во однос на периодот јануари – ноември 2016 година, изнесува 102.1.(Државен завод за статистика)