Регулативи

Царински Тарифи во Руската Федерација 

Преземи – PDF

Царински Закони на Руската Федерација

Нови закони на изнесување на валута и хартија од вредност преку границата на РФ. Физички лица при преминување на границата на Русија треба да ги имаат следниве документи:

  • Пасош (со виза)
  • Пополнета царинска декларација

Физички лица при преминување на границата на РФ може да внесуваат:

  • Предмети за лична употреба, тежина не повеќе од 50 килограми од вредност до
    65.000 рубли, (околу 1 700 евра ).
  • Алкохолни пијалоци – 2 литра.
  • Тутунски производи – 50 пури, 200цигари, 0,25 кг тутун.

Ако се внесува по еден артикл од горенаведените производи е дозволено да се внесе: 100 пури, 400 цигари или 0,5 кг тутун. Ако се внесува повеке од претходно наведениот износ и тежина се наплатува царина 30% од вредноста, не помалку од 4 евра за килограм (за лица кои не живеат постојано во Руската Федерација). Место за царинската контрола кое е обележено со црвена боја преминува во случај, ако Вашиот багаж треба да се декларира, а имено:

  • ако износ на валута на РФ (рубли) во странство е поголем од 500 мин.плати на Русија;
  • повеке од 3 000 американски долари;
  • хартии од вредност;
  • скапоцени производи;
  • оружје и лесно запаливи предмети;
  • наркотици и психотропни материи;
  • уметнички слики, икони, монети, марки и др;
  • отровни и радиоактивни материи;
  • радиоприемници со фрекфенција повеке од 9 KHz;
  • материјали кои пропагираат фашизам, расизам, национална и религиозна омраза, порнографија;
  • стока наменета за производство или комерција;

Во случај ако производите не се наменети за продажба и производство и нивната вредност не е поголема од 10.000 американски долари може да се извезуваат без царина. Исто така треба да се знае дека изгубената декларација не се обновува.

Позначајни дати во односите меѓу Република Македонија и Руската Федерација по добивање на самостојноста


4 август 1992 година   

Претседателот на Руската Федерација го потпиша Указот, со кој Република Македонија се признава како суверена независна држава, под нејзиното уставно име.

31 јануари 1994 година 
Република Македонија и Руската Федерација воспоставија дипломатски односи на ниво на Aмбасади. Соодветна спогодба беше склучена со размена на ноти меѓу двете Министерства за надворешни работи.

6 октомври 1994 година 
Владата на Руската Федерација донесе Одлука за трансформирање на Претставништвото на Русија во Скопје, во Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија.

27 јануари 1998 година        
Претседателите на Руската Федерација и на Република Македонија, во Москва, ја потпишаа Декларацијата за пријателство и соработка меѓу двете земји.

22 мај 2002 година
Во Битола беше свечено отворен Почесен конзулат на Руската Федерација. Федерација во Република Македонија.

Позначајни Празници во Руската Федерација

01.01 – Нова Година;
02.01 – 05.01 – Новогодишни празници (неработни денови)
07.01 – Божиќ
23.02 – Ден на Бранители на Татковината

08.03 – Меѓународен ден на жената
09.05 – Ден на победа над фашизмот
12.06 – Денот на Русија
04.11 – Ден на народно единство.