Во првите три месеци од годинава, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 775 469 илјади денари, што е за 61.1 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 281 136 илјади денари, што е за 12,5 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Босна и Херцеговина. Македонските  градежници се ангажира и извршува помали работи уште во Германија, Холандија, Србија и Бугарија.
Вредносните податоци за периодот јануари – март 2017/2018 година се дадени врз база на паритетот 1 САД долар = 51,2722 денари.
                                                                    (Државен завод за статистика)