Бруто-плата по вработен

Индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во март 2018 година, во однос на март 2017 година, изнесува 105.3.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (17.3 %), Информации и комуникации (14.6 %) и Преработувачка индустрија (12.7 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (13.2 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (8.8 %) и Информации и комуникации (8.7 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2018 изнесува 34 764 денари.

 Нето-плата по вработен

Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата повработен, во март 2018 година, во однос на март 2017 година, изнесува 105.6.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (19.0 %), Информации и комуникации (14.2 %) и Преработувачка индустрија (12.4 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (12.6 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (9.7 %) и Информации и комуникации (8.8 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2018, изнесува 23 694 денари.(Државен завод за статистика)