Според оценката на менаџерите, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во март 2018 година е еднаков како во февруари 2018 година и изнесува 19.1 процентни поени, а во однос на март 2017 година е зголемен за 2.1 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во март 2018, во однос на февруари 2018 година, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи сe намалени во однос на февруари 2018 година.
Оценката за економската состојба на компаниите во март 2018 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна и во однос на март 2017 година. Се очекува бројот на вработени да порасне.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во март 2018 година изнесува 67.0 % од нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на прозводството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 21.8 %, недоволната странска побарувачка со 19.7 %, недоволната домашна
побарувачка со 18.3 % и неизвесното економско опкружување со 10.7%. (Државен завод за статистика)