Според оценката на менаџерите на компаниите, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во ноември 2018 година е зголемен за 0.2 процентни поени во однос на октомври 2018 година и изнесува 20.9, а во
однос на ноември 2017 година е зголемен за 2.2 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во ноември 2018, во однос на октомври 2018 година е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на
претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени во однос на октомври 2018 година.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во ноември 2018 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна е и во однос на ноември 2017 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во ноември 2018 година изнесува 68.7 % од нормалното искористување. Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 28.6 %, недоволната домашна побарувачка со 16.2 %, недоволната странска побарувачка со 15.7 % и неизвесното економско опкружување со 10.1 %.