Бројот на работниците во индустријата во септември 2018 година, во однос на септември 2017 година бележи пораст од 4.3 отсто.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2018 година, во однос на септември 2017 година, бележи пораст од 2.1 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 4.7 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0.4 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2018 година, во однос на септември 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7.3 % и Капитални производи за 17.2 %, кај Нетрајни производи за широка потрошувачка е на исто ниво додека опаѓање бележи кај Енергија за 0.8 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 2.0 %.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – септември 2018 година, во однос на периодот јануари – септември 2017 година, изнесува 106.8. (Државен завод за статистика)