Во текот на мај годинава Република Македонија ја посетиле само 468 туристи од Руската Федерација.Тоа се занемарливи 0,6 отсто од вкупниот број на туристи.Тие и кусо се заджале – во просек оствариле по две ноќевања или вкупно 987.Според податоците на Државниот завод за статистика тое  е само 0,7 отсто од остварените ноќевања на туристите во Македонија.
Вкупниот број на туристи, пак,  во мај 2018 година во земјава изнесувал 104 034, а бројот на ноќевањата изнесувал 211 234. Бројот на туристите во мај 2018 година, во однос на мај 2017 година, е зголемен за 8.0 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 5.6 %.
Бројот на домашните туристи во мај 2018 година, во однос на мај 2017 година, е зголемен за 1.2 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 11.2 %.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во мај 2018 година, во однос на мај 2017 година, е намален за 4.8 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 12.4 %.
Во периодот јануари – мај 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 15.1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 7.8 %, а кај странските има зголемување за 19.0 %.
 Во периодот јануари – мај 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 13.6 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.4 %, а кај странските има зголемување за 19.1 %.
Инаку, Скопје е поатрактивно за странците, езерските места за домашните туристи. Според податоците  за мај, 16.000 домашни гости имало крај езерата, на над 33.000 странски во Скопје. И домашните и странските гости најмногу отседнувале во хотели со четири ѕвезди. Во оваа категорија сместувачки капацитети  престојувале речиси половина од сите туристи во земјава.
Најголем број од странските гости се од Турција, над 14.000, следат Србите и Бугарите со по околу 5000 гости во мај.