Рекордниот принос на руската пченица и нејзиниот рекорден извоз би можеле да ја загрозат благосостојбата на фармерите во САД, предупредуваат американските медиуми.
Додека на светските берзи цената на пченицата продолжува да паѓа, руското земјоделие цвета, пишува „Вол Стрит Џурнал“.
Американскиот весник истакнува дека Русија во изминатата земјоделска сезона, која заврши на 30 јуни, извезла преку 40 милиони тони пченица, што е планетарен рекорд, пренесува RT. Освен тоа, американските новинари додаваат дека наведениот показател е „најголем за сите земји во светот во последниве четвртина век“.
-Уште една закана за земјоделието на САД претставува јакнењето на конкуренцијата од страна на Русија,-  се наведува во прилогот.
За тоа време земјоделските фирми во САД се затвораат со рекордна брзина почнувајќи од 80-те години.
Минатата година службата за земјоделство на странските земји на Министерството за земјоделство на САД подготви прогноза за производството на житарици, каде се наведува дека извозот на пченица од Русија ќе „достигне рекордно ниво од 31,5 милиони тони”.
Меѓутоа, оваа година приносот на пченица во Русија е понизок отколку во 2017 година.(Руска реч)