Н.Е Сергеј Баздникин, Амбасадор на Руската Федерација во Република Македонија, заедно со Владимир Хрисанфов, советник за економски и трговски прашања во Амбасадата и во придружба на м-р Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонско-руската стопанска комора денес ја посетија фармацевтската компанија „Реплек фарм“ во Скопје. Во разговорите со д-р Иван Туџаров, генерален манеџар на компанијата и неговите соработници, беше потенцирана одличната соработка на „Реплек Фарм“ со четрите руски партнери, кои пласираат 20 видови на лекови произведени  во земјава и лиценцирани за продажба на рускиот пазар.
            -Во процес на лиценцирање се наоѓаат уште 9 производи кои наскоро ќе се најдат во руските аптеки. Законскиот рок за лиценцирање се движи помеѓу една до две години, но понекогаш тој рок е и подолг.Таквата состојба  го успорува извозот на компанијата на овој пазар, кој ни е најзначаен во нашата делова стратегија. Ние четири-петтини од производството го пласираме на странските пазари, лековите патуваат во 26 земји, а најголем дел од извозот го релизираме токму во Руската Федерација и во земјите од Евроазиската Унија, – истакна д-р Иван Туџаров.
            „Реплек Фарм“ секоја година го зголемува пласманот  во Руската Федерација од 10 до 15 отсто и постојано се грижи да ги исполни строгите услови и стандарди за извозот во оваа земја.
            – Во рамки на нашите надлежности, ќе се обидеме да и помогнеме на компанијата  во процесот на регистрацијата да се почитуваа законски предвидениот рок и норми во Руската Федерација со цел да се одржува и зголемува нејзиниот пласман на лекови, а на задовоство на нашите граѓани, – порача Амбасадорот Сергеј Баздникин.
Гостите ги разгледаа погоните на „Реплек Фарм“ притоа на самото место се уверија во високите стандарди кои се применуваат во производството.
Во разговорите беше договорена и поинтензивна соработка и со Македонско-руската стопанска комора.