Русија ја задржа врвната позиција меѓу земјите во развој, велат аналитичарите на Bank of America.
Москва го намалува нивото на задолженост, што ја прави лидер меѓу најголемите пазари во развој.
-Иако не стигна до полуфиналето и финалето на Светското првенство, Русија го освојува Светското првенство во макроекономија, меѓу ГЕМ – 10 членки на сите наши полугодишни ранг листи.Тоа е продолжување на развојот откако Русија го превзема тој куп од Кина, – напишаа аналитичарите на оваа банка.
Во банката објаснуваат дека двете земји имале различна тактика за да стигнат до врвот.
-Русија има најсилни индикатори на екстерната ликвидност и фискална рамнотежа, ама и еден од најниските нивои на надворешниот долг, коментираат од  BofA.
Тие, исто така,  ја истакнуваат и рекордно ниската инфлација и високите рални стапки на развој, ама додаваат дека порастот на БДП се уште останува низок.
Во полуфиналето на светското првенство на оваа банка се Кореа, Кина и Индонезија.
Апсолутни губитници, според оваа банка, се Бразил, Јужна Африка и Турција.Јужна Африка стагнира, има огромен дефицит и високи долгови во сите сектори.Турска и натаму е на последното место заради високата инфлација, големиот дефицит на тековната сметка…