Индексот на трошоците на животот во мај во однос на претходниот месец, изнесува 101.0, а индексот на цените на мало 100.7.
Пораст на индексите на трошоците на животот во мај 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови за 13.1 %, цигарите за 5.0 %, свежото и разладеното овошје за 2.3 %, замрзнатото овошје за 1.3 %, другите прехранбени производи за 0.7 %, месото за 0.6 %, алкохолните пијалаци за 0.5 %, сирењето и урдата за 0.4 %, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0.3 %, рибата и морските плодови и безалкохолните пијалаци за 0.2 %.
Во мај 2018 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај туристичките пакет- аранжмани за 12.1 %, парамедицинските услуги за 7.2 %, течните горива за домаќинствата за 7.0 %, услугите за сместување за 5.9 %, болничките услуги за 5.5 %, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 4.6 %, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 4.3 %, информатичката опрема за 2.9 %, гасот за домаќинствата за 2.4 %, обувките, телефон и телефакс-опремата за 1.1 %, теписите и другите покривки за под за 0.7 %, услугите за лична хигиена за 0.5 %, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 0.4 %.
Намалување на индексите на трошоците на животот во мај 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај маслото и маснотиите за 1.1 %, јајцата за 0.9 %, сувото овошје и јаткастите производи за 0.6 %, шеќерот, џемот, медот и кондиторските производи за 0.4 % и млекото за 0.2 %.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 5.0 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 3.1 %, градините, растенијата и цвеќињата за 2.6 %, опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа за 1.4 %, игрите, играчките и хобијата за 1.3 %, средствата за чистење и одржување на станот за 0.9 %, накитот и часовниците за 0.6 %, големите електрични апарати за домаќинствата, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.3 %.
Индексот на трошоците на животот во мај 2018 година, во споредба со мај 2017 година, забележа пораст од 1.7 %, а индексот на цените на мало забележа пораст за 3.1 %.(Државен завод за статистика)