Според оценката на менаџерите, индикаторот на доверба во трговијата на мало во првото тримесечје од 2018 година е зголемен за 0.1 процентен поен во однос на претходното тримесечје, а зголемен за 1.1 процентeн поен во однос на истото тримесечје од 2017 година.
Eкономската состојба на деловните субјекти во првото тримесечје од 2018 година е понеповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна и во однос на првото тримесечје од 2017 година. Се очекува дека ќе биде
понеповолна во наредните две тримесечја. Количeството на залихите е намалено во однос на претходното тримесечје.
Финансиската состојба во првото тримесечје од 2018 година е поповолна во однос на четвртото тримесечје од 2017 година, оценката за очекуваните порачки за наредниот период е поповолнa, а очекувањата за бројот на вработените се дека тој ќе се намали.
Продажните цени во првото тримесечје од 2017 година се зголемиле во однос на четвртото тримесечје од 2017 година, а се очекува нивно намалување во наредните 3 месеци.
Најголемо влијание врз ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на првото тримесечје од 2018 година имале: слабата побарувачка од купувачите со 24.9 %, зголемената конкуренција на пазарот со 19.8 %, зголемената понуда на пазарот со 12.9 % и недостиг на обучен кадар со 10.0 %.(Државен завод за ревизија)