Во првото тримесечје од 2018 година, откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 4.6 % во однос на истиот период од претходната година.
Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 10.9 %, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано намалување за 7.5 %.
Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: индустриските растенија, градинарските растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, добитокот, млекото и млечните производи, а намалување е забележано кај: житата, фуражните растенија, живината и јајцата и рибата.
Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува зголемување во јануари и март, додека во февруари е забележано намалување.(Државен завод за статистика)