До средината на јануари продажбата на Lada Granta во Германија пораснала за три пати – биле продадени 569 автомобили. Притоа продажбата на автомобили од марката Lada на германскиот пазар во целина пораснала за 43%, на 1686 автомобили.
Но, од друга страна, доаѓа веста дека кросоверот Lada Xray нема да се испорачува на европскиот пазар. Ова го соопшти агенцијата за аналитика „Автостат“ повикувајќи се на потпретседателот за продажба и маркетинг на „АвтоВАЗ“ Јан Птачек.
Кросоверот Lada Xray нема да се испорачува на европскиот пазар, затоа што „АвтоВАЗ“ ќе се фокусира на продажба на моделите Vesta – следниве недели ќе почне продажбата на седанот во Германија.
-Веќе ги испраќаме првите возила и сега сме во процес на организација на настани во Хамбург“, истакнува Јан Птачек.
Притоа главни пазари за извоз остануваат земјите од ЗНД.
-Затоа со цел зголемување на извозот, треба да се фокусираме на нив: овде за брендот Lada се најголемите можности, – потенцира Птачек.