Изградбата на морскиот дел на гасоводот ќе почне во втората половина на 2017 година, уверуваат од “Газпром”
Создадени се сите услови за почетокот на изградбата на “Турски поток”, соопшти пред новинарите шефот на “Газпром”, Алексеј Милер. Тој најави и отворање на филијала на South Stream Transport, компанијата што ќе го изгради морскиот дел на гасоводот, во Истанбул.
Филијалата ќе помага во координирање на работите за реализација на проектот во Турција.
– Ќе ја започнеме изградбата на морскиот дел на гасоводот во втората половина на годината и планираме да ја завршиме изградбата на двата цевковода на” Турски поток ” до крајот на 2019 година, – извести Милер. На руска територија плановите на “Газпром” се цевководите да бидат положени во микротунели во крајбрежниот регион на трасата. Милер забележа дека едниот микротунел веќе е завршен, а за другиот се завршени над 98% од активностите. Работата на “Турски поток” оди според планираното, забележа шефот на “Газпром”. Во турските територијални води продолжуваат хидрографски студии, финализира оценката за влијанието врз животната средина во завршниот дел од маршрутата на “Турски поток”, објаснува Милер.
“Турски поток” ќе испорачува руски природен гас до Турција по дното на Црното Море. Должината на морскиот дел е околу 910 километри. Должината на трасата на копно е 180 километри – тоа е делница од морскиот брег до границата со Грција.
Плановите на “Газпром” се едниот цевковод на гасоводот да испорачува гас само за турските клиенти на компанијата. Вториот цевковод ќе снабдува европските потрошувачи – преку гасен центар на територијата меѓу Грција и Турција.