Компанијата „Алкалоид“ АД Скопје, членка на Македонско-руската стопанска комора, изврши дополнително вложување во постојното друштво во Република Словенија, по пат на зголемување на основната главнина.

Вложувањето се изврши во АЛКА-ЛАБ ДОО Љубљана, каде што се инвестирани 400.000 евра наменети за проширување на капацитетите на хемиската лабораторија за тестирање на лекови. Друштвото е во 100 проценти сопственост на Алкалоид АД Скопје.

Со оваа инвестиција компанијата ги продолжува активностите за понатамошно ширење на своите операции на пазарите на земјите членки на Европската унија, како и зајакнување на позициите на овие пазари.