Премиерот на Руската Федерација, Дмитриј Медведев истакна дека ембаргото треба да се искористи за своите интереси.
Премиерот на РФ Дмитриј Медведев повика да не се смета на скоро укинување на антируските санцкии и ограничувањето на увозот да се искористи за свој интерес.
-Време е да се збогуваме со илузиите дека во однос на нашата земја ќе бидат укинати некакви санкции: очигледно е дека долго ќе траат, – изјавил тој на конгресот на партијата „Единствена Русија“.
-Нема што да се надеваме на туѓ избор, – смета рускиот премиер.
-И затоа нашите земјоделци, за кои настанаа поволни услови, треба активно да ја искористат оваа ситуација, – изјавил Медведев, ветувајќи дека ќе ги поддржи „во тоа, затоа што во какви било услови ние ќе се храниме самите себеси“.
Шефот на руската влада потсети дека минатата година порастот на земјоделско-индустрискиот комплекс, според првичните оценки, изнесуваше 3 проценти.
Медведев соопшти дека во буџетот за 2017 година поддршката на агроиндустрискиот комплекс е на нивото од минатата година.
Медведев на конгресот беше реизбран за претседател на партијата „Единствена Русија“.