Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2019 година е 3.1 %.

Во второто тримесечје од 2019 година, најголем пораст е забележан во секторите:  Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 7.5 %;  – Земјоделство, шумарство и рибарство од 3.9 % и  – Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 3.6 %.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2019 година, номинално расте за 4.6 %, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 69.0 %.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 10.2 %, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 10.5 %.

Во споредба со истиот период лани економиајта пораснала за 0,1%, додека пак во првиот квартал БДП изнесуваше 4,1 отсто. Владата очекува засилен економски раст во наредните 2 квартали, со што годината би ја заокружиле со 3,5% раст. Во истиот период статистиката бележи  и пад на невработеноста, која сега изнесува 17,5%,што значи дека само во второто триимесечје вработени се нови речиси 5,000 лица. За првото полугидие пак вработени се над 54 илјади лица. Позитивни бројки статистикаат регистрира и кај индустриското производство. Од јануари до јули остарило пораст од 4,9 отсто.