Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за четвртото тримесечје од 2016 година изнесува 2,4%.
Во четвртото тримесечје од 2016, најголем пораст е забележан во секторите: – Градежништво од 28,5%; -Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 9,8% и – Земјоделство, шумарство и рибарство од 1,8%.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2016 година номинално расте за 5,8%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 64,0%.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 8,4%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 2,4%.( Државен завод за статистика)