Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во третото тримесечје од 2016 година изнесува 2.4%.
Во третото тримесечје од 2016, најголем пораст е забележан во секторите: Стручни, научни и технички дејности и Административни и помошни услужни дејности од по 10,9%; потоа во Градежништвото од 10,3%; и кај Информации и комуникации од 5,6%.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2016 година, номинално расте за 5,3%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 64,1%.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 13,3%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 11,1%.(Државен завод за статистика)