Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ  (БДП) за четвртото тримесечје од 2018 година е 3.7 %.
Во четвртото тримесечје од 2018 година, најголем пораст е забележан во секторите: Градежништво од 19.6 %;   Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 14.0 % и  Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 7.9 %.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2018 година, номинално расте за 6.3 %, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 62.4 %.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 23.0 %, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 21.5 %.