Во 2015-та година БДП на Руската Федерација ја достигнал вредноста од 80,8 илјади милијарди рубљи (1,2 илјади милијарди долари). Официјално е потврдено дека лани БДП на земјата се намалил за 3,7 отсто.

На крајот на годината најголемите зголемувања на годишна основа се регистрираат во земјоделството (+ 3,1%), потрошувачката на комунални услуги (+ 1,4%), екстракција на минерали (+1,1), како и здравството и социјалните услуги (+ 0,4%).

Најголемите падови се во продажбата на големо и мало (-10%), градежништвото (-7,4%), преработувачката индустрија (-5,1%) и хотелите и рестораните (-5,3%).

Проценката на Министерството за економски развој на БДП на Руската федерација во јануари се намалува за 2,7% на годишна основа, во февруари за 0,6 поради подолгиот месец, а во првите два месеци од годинава за 1,6 отсто.

Основното сценарио на Министерството, предвидува пад на БДП за 0,3 отсто во 2016-та година при цена на нафтата од 40 долари.

Попесимистички се очекувањата на централната банка. Регулаторот прогнозира пад меѓу 1,3 и 1,5% во оваа година и главно сценарио со просечна цена на нафтата од 30 долари за барел.