Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за првото тримесечје од 2017 година е 0.0%..
Во првото тримесечје од 2017, најголем пораст е забележан во секторите: Ѕ – Информации и комуникации од 5.5%; Б, В, Г и Д – Рударство и вадење на камен; Преработувачка индустрија; Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација; Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината од 2.1%; А – Земјоделство, шумарство и рибарство од 1.1%.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2017 година, номинално расте за 3.1%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 64.3%.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 12.1%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 13.6%.