Во Москва се појави првиот отворен полигон за тестирање на беспилотен транспорт – автомобили и автобуси.
Како што соопштува прес-службата на управата на градот Москва, трасата на полигонот на техничкиот парк „Калибар“ во Останкинскиот реон е со должина од 400 метри и претставува урбана средина: на неа има автобуска станица, пешачки премини, сообраќајни знаци, ознаки и кружен тек – инфраструктура потребна за „обука“ на беспилотни возила.
Тестирањето на беспилотни возила на полигонот веќе почна. Автомобилите учат да комуницираат како со патната инфраструктура, така и со пешаците на пешачки премин, чија улога ја играат вработените на полигонот.
Како што е изјавија од прес службата на Одделот за наука, индустриска политика и претприемништво на Москва, полигонот ќе го користат не само жителите, туку и студентите и постдипломците на московските технички универзитети, пренесува НТВ.