Лимитираната зимска колекција на Битолскиот јогурт на почетокот од месецов е на полиците во маркетите, но успеавте ли и вие доволно да се радувате на снегот и да уживате во зимските авантури?
Во рамките на тековната кампања за зимската едиција на Битолскиот јогурт, за оние што сè уште сакаат да уживаат во зимската сезона, Бимилк, членка на Македонско-руската стопанска комора, подготви супер изненадување! Битолското чупе, овој пат во зимско руво, ве носи на прекрасните падини на Пелистер, а сè што треба да направите е да споделите интересни фотографии од вашите годинешни зимски авантури на фејсбук-страницата на Бимилк.
Сопственикот на најуникатната и најинтересна фотографија, која во рамките на активацијата што трае од денес, 30.01.2019 година до 04.02.2019 година ќе освои најголем број лајкови, ќе добие можност за нови зимски авантури со своето семејство во хотел во срцето на Баба Планина. Активацијата ќе биде отворена до 4-ти февруари годинава.
Доколку можеби не сте го забележале новиот Битолски јогурт, лесно ќе ги пронајдете новите дизајни на амбалажите. Тие го претставуваат насмеаното Битолско чупе во една зимска идила уживајќи во зимските спортови, на скии и на сноуборд, или играјќи со Снешко Белчо во снегот.
Новите дизајни на Битолскиот јогурт се аплицирани на сите формати, односно на пакувањата од 1,5 кг, 1 кг, 500 г и 250 г, а ќе бидат достапни за продажба сè до март 2019 година.
Бимилк ве повикуваат да ги споделите вашите зимски авантури со нив.