Деновиве македонската млекара „Здравје Радово, членка на Македонска – руска стопанска комора, ги бележи најдобрите резултати во продажба на своите млечни деликатеси на пазарот во Босна и Херцеговина. Се поголем е интересот за високвалитетното овчо и мешано сирење, палетата на кашкавали и сутлијашот…
Производите на млекара „Здравје Радово“ секојдневно уриваат рекорди во продажба на пазарот во БИХ, а корисниците можат да ги најдат во скоро сите малопродажни објекти, како и во големите синџири на маркети.
Сирењето и кашкавалот купувачите го идентификуваат со традиционалното квалитетното млеко и млечни производи од Македонија, а брендот „Здравје Радово“ ги асоцира на внимателно одбрано и селектирано македонско млеко, преточено во традиционално добрите македонски сирења и кашкавали. Заземањето на значителен дел од пазарот во Босна и Херцеговина уште еднаш го потврдуваат успешното работење на компанијата.
Изминативе години млекара „Здравје Радово“ значително вложи во своите производствени капацитети и во креирање на нови производи, потврдувајќи ја својата зацртана цел: висококвалитетни млечни производи создадени од 100% македонско млеко, во практични и еколошки пакувања, создадени целосно според светските стандарди.
Млекара „Здравје Радово“ во овој момент покрај извозот на пазарот во Босна и Херцеговина, своите производи ги извезува и на пазарите во Русија,Србија, Косово и Црна Гора. Компанијата останува извозно ориентирана и во плановите за следната година како најсилен домашен млечен бренд…