Неколку факти од производниот процес на маслото за јадење „Брилијант“ на „Витаминка“ од Прилеп, членка на Македонско-руската стопанска комора, што придонесуваат за неговиот висок квалитет

Интензитетот на одредени масла за јадење може целосно да го измени вкусот на приготвената храна и рецептите. Доколку е со силен и интензивен мирис и вкус, маслото може да преовладува и да го менува вкусот на храната. Сончогледовото масло „Брилијант“ има неутрален вкус што го прави најсоодветно дали за традиционални или за секакви видови рецепти и салати.

Во текот на технолошко-производниот процес „Брилијант“ поминува низ процеси што го прават да биде со совршен, избалансиран и нутритивен состав.

-При производството на сончогледовото масло Брилијант се користат методи, што придонесуваат за неговиот висок квалитет. Тука се врши максимално контролирање како и манипулирање во однос на дозирањето и протокот кај неутрализацијата, што значи и оптимално искористување на суровините. Со винтеризацијата како дел од процесот на рафинација отстранувањето на восоците е постигнато до најголема можна мера а со тоа и изгледот на финалниот производ е усовршен. Белењето како дел од процесот овозможува контрола на бојата на маслото за јадење во зависност од побарувањата на пазарот. И на крајот се прави дезодоризацијата, што е финалниот дел од процесот на рафинација и тој претставува круна на целиот процес во кој во услови на вакуум се отстрануваат сите непожелни компоненти кои влијаат на органолептичките особини на маслото, како мирис и вкус. После сето ова се добива финален производ со сите потребни квалитети и нутритивни вредности, – вели технологот во фабрика 3 на П.И. „Витаминка“ од Прилеп, Александар Давков.

Целиот процес е автоматизиран и усогласен да се одвива континуирано, а е следен и поткрепен со резултати од  интерна лабораториска контрола. Управувањето на процесот, како и неговото следење е преку PLC (programmable logic controller) компјутер поврзан со 4 монитори на кои се претставени сите етапи од процесот. На тој начин е овозможена прецизна контрола на процесот од сите клучни аспекти како што се проток, температури, нивоа, притисоци.