Винарската визба „Тиквеш“ ја заокружи инвестицијата во најсовремена технологија за преработка, одлежување и полнење на виното, поддржана од Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија – ИПАРД. Вкупните вложувања на ВВ „Тиквеш“ во реализацијата на овој инвестициски проект надминуваат 78 милиони денари (1,2 милиони евра), од кои преку ИПАРД се обезбедени приближно 30 милиони денари (480 илјади евра).
    – За нас оваа инвестиција има исклучително значење, затоа со неа одиме чекор понатаму во севкупната модернизација на винарницата во која во континитет вложуваме и која придонесува за производство на вино со висока додадена вредност и премиум квалитет. Дополнително значење за нас е тоа што дел од средствата во проектот се обезбедени од програмите на ЕУ, затоа што на тој начин добиваме дополнителна потврда дека нашите инвестиции се компатабилни со стандардите и приоритетите на Унијата – изјави  Игор Илиевски, генералниот директор на винарската визба „Тиквеш“ .
    Вкупната инвестиција од 1,2 милиони евра е наменета за набавка на најсовремена опрема која вклучува опрема за одлежување и пакување на виното, како и најсовремена лабораториска опрема.
    – Една од главните цели на ИПАРД програмата е натамошно подобрување на конкурентноста на македонските замјоделски стопанства и компании, преку инвестиции во технологија која ќе им овозможи зголемување на додадената вредност на нивните производи и достигнување на стандардите за квалитет на Европската Унија- – изјави Билјана Вуковиќ, директорка на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, .
    Реализацијата на овој проект е продолжение на обемниот инвестициски циклус на ВВ „Тиквеш“ за модернизација и натамошно унапредување на прозводството на врвни вина кој за една деценија надмина 30 милиони евра.