Две македонски вина се меѓу наградените на првиот меѓународен саем за виното „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград. Од вкупно девет категории „Chateau Камник” ја доби наградата во категоријата најдобро оранж вино, додека титулата за најдобро црвено вино од автохтони сорти грозје ја доби „Барово Ред 2019“ на винаријата Тиквеш. И двете компании од Северна Македонија чии вина се наградени се членки на Македонско-руската стопанска комора.

На саемот награди беа доделени во повеќе категории за бели, црвени, розе, оранж, пенливи и збогатени вина. Посебни награди беа доделени на вина произведени од автохтони сорти грозје на Балканот.

Вината ги оценуваше жири составено од 25 меѓународни судии, од кои пет беа „мастери на виното”. Учествуваа речиси 400 излагачи и производители на вино од повеќе од 22 земји, пред се од Србија, од Северна Македоија (42 винарии), Албанија и земјите од регионот, но и од целиот свет, Јужна и Северна Америка и Централна Европа.

На доделувањето на наградите премиерката Ана Брнабиќ порача дека сите кои учествуваа на саемот помогнаа да се зацврсти една брилијантна политичка идеја:

-Виното ни помогна, и сите вие винарии, лозари, ни помогнавте една брилијантна политичка идеја уште повеќе да ја зацврстиме, да отвориме нови перспективи за нашата соработка на Балканот и да привлечеме и други партнери од регионот, пред се БИХ и Црна Гора. Овој саем на покажа дека имаме што да понудиме.