Винарија „Стоби“, членка на Македонска-руска стопанска комора, ќе ја продолжи соработката со своите партнери од Народна Република Кина и во наредните пет години.
„Стоби“ потпиша нов петгодишен договори и ќе продолжи со интензивна и широко поставена презентација на своите вина на кинескиот пазар, поточно во градовите Шангај, Гуангуџу и Вуши.
Во овие градови ќе бидат отворени специјализирани продавници со брендот на „Стоби“. Станува збор за огромен пазар со оглед на тоа дека овие градови имаат по повеќе од шест, седум, односно 25 милиони жители.
Вината на „Стоби“ освен на кинескиот пазар се пласираат и на пазарите во Соединетите Американски држави, Велика Британија, Германија, Холандија, Русија и соседните балкански држави и поранешните југословенски држави.(Стоби)