Индексот на индустриското производство во јануари 2019 година, во однос на јануари 2018 година, изнесува 112.0.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2019 година, во однос на јануари 2018 година, бележи опаѓање од 2.2 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4.0%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 50.8 %.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на метали, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел. 
Според главните индустриски групи, производството во јануари 2019 година, во однос на јануари 2018 година, бележи пораст кај Енергија за 44.6 %, Капитални производи за 15.7 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 23.7%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.1 %.(Државен завод за статистика)