„Виталиа“, водечка македонска компанија за здрава храна, членка на Македонско-руската стопанска комора, го зацврстува своето присуство со глобално проширување и отворање на својата најнова продавница во живописната Казабланка, главниот град на Мароко. Овој стратешки потег означува уште една значајна пресвртница за „Виталиа“ бидејќи ја носи својата разновидна палета на хранливи и вкусни прехранбени производи на мароканскиот пазар.

Новата франшиза во Казабланка ја прикажува посветеноста на „Виталиа“ за обезбедување на здрави, хранливи и вкусни опции за храна за локалната заедница. Како компанија со длабоки темели и цели во промовирање на здрави навики за исхрана,„ Виталиа“ ја препознава важноста од разбирање и прифаќање на уникатните кулинарски традиции на секој регион.

Мароко, познат по својата богата и разновидна култура на храна, претставува возбудлива можност за „Виталиа“ да ги интегрира своите фунционални производи во локалната кујна. Мароканските навики во исхраната често се базирани околу свежи, локални состојки, со акцент на урамнотежена исхрана која вклучува овошје, зеленчук, целозрнести житарки и протеини од растително потекло.

Оттука, пазарот покажа значителен интерес за функционалните производни линии на „Виталиа“, вклучувајќи ги опциите на база на растителни протеини, Пробиотик линијата, производи без додаден шеќер како главните категории на мусли и барови, овесните колачи и крекери.

Дистрибутивната мрежа на компанијата продолжува да се шири, достигнувајќи нови пазари и стигнувајќи до стотици илјади нови луѓе од година во година. Минатата година „Виталиа“ дебитираше во 11 држави на Африканскиот континент, Нигерија, Гана, Буркина Фасо…, а годината ја заврши со отворањето на продавницата во Казабланка.

„Виталиа“ ги покани жителите на Казабланка да го искусат нивниот свет на здравје и вкус во новата продавница со организација на промотивни пакети и дегустации на широкиот асортиман на производи, и со нетрпение очекуваат оваа иницијатива да придонесат за благосостојбата на локалната заедница.