Македонската компанија за здрава храна „Виталиа“, членка на Македонско-руската стопанска комора,  донираше  1 тон од своите производи  за настраданите во големите пожари кои ја погодија  соседна Грција.
Заради обезбедување ефикасна помош на погоденото население, кое зад себе остави нефункционални и руинирани домови, „Виталиа“ донираше мусли и житни барови, кои имаат високонутритивна вредност и се практични за складирање.
Донацијата ќе биде реализирана преку застапниците на „Виталиа“ во Грција, а компанијата се надева дека ќе ги поттикне и останатите наши компании да бидат хумани во време кога на нашите соседи најмногу им е потребна помош.