Македонската производна компанија за здрава храна „Виталиа” уште еднаш ја потврди својата практика на општествено одговорно однесување, овојпат ставајќи акцент на поддршката и грижата за ранливите заедници, со значајна донација на 4 тони храна на „Црвен Крст Македонија”.
Црвениот Крст на Македонија, оваа храна ќе ја распредели на семејствата и поединците на кои им е најпотребна. Од „Црвен Крст” велат дека се повеќе се задоволни од донацијата со која ќе бидат обезбедени повеќе од десетици илјади оброци, но и директно ќе биде покрената свесноста за полињата во кои една компанија може да биде хумана.“
Со ова „Виталиа” има за цел ги поттикне и останатите компании на општествена одговорност која води кон промени не само во свеста на граѓанинот, туку и на квалитетот на животот на оние за кои сите заедно сме должни да се грижиме.
-Благодарни сме што успехот на нашата компанија ни овозможува да дејствуваме во насоки на подобрување на квалитетот на животот на целото општество и ваквите донации се од посебно значење за нас. Навистина се грижиме здравата храна која ја произведуваме и во која веруваме, да биде достапна за сите, дури и за оние кои за жал немаат можност секојдневно да ја купуваат. Четири тони не се воопшто малку, но нашата цел е секоја година постепено да ја зголемуваме количината на донирана храна и се надеваме дека нашиот пример ќе ги инспирира и останатите во државата да го дадат својот придонес. Сепак сме држава која произведува квалитетна храна, и верувам дека кога ќе се разбудиме и сфатиме дека сите сме заедно под ова небо, ќе можеме да направиме значајни промени и да им помогнеме на оние на кои најмногу им е потребно, -изјави Искра Ветаџокоска Муцунска – менаџер и косопственик на „Виталиа”.