На покана на најпознатиот германски гастроном Алфонс Шубек, тимот за развој на производи на „Виталиа“ од Скопје разви производна линија на мусли, барови и мешавини за појaдок. „Виталиа“ креираше 45 совршени и оригинални рецепти што сега ја сочинуваат линијата за здрава храна на Шубек, што предизвика големо задоволство помеѓу потрошувачите во Германија и Австрија.
Алфонс Шубек, денес е најдобриот и најнаградуван професионален готвач во Германија. Школуван и учен од врвни кулинарски ментори во престижни училишта и ресторани во Салзбург, Женева, Париз, Лондон и Минхен, Шубек е најдобриот готвач, добитник на Мишелин ѕвезди, сопственик на ланец од ресторани, кетеринг сервис и продавница за здрава храна.
Неговата гурманска филозофија “Зачини го животот“ ја развивал патувајќи низ целиот свет и проучувајќи ги извонредните здравствени придобивки од зачините.
Храната што ја готви Шубек не само што е превкусна, изобилува со високо нутритивни состојки, благодарение на неговите органски зачини создадени со патентирана технологија на производство. Фасциниран од мирисот, аромата, боите и облиците, Шубек користи зачини од куркума, ѓумбир, цимет и ексратк од лук како здрави мешавини за идеално надополнување на вкусот на неговите специјалитети.
Инспириран од специјализираната продавница за мусли на „Виталиа“ во Скопје, тој ја прошири својата дејност и отвори своја продавница за здрава храна, каде се продаваат производите креирани од „Виталиа“.
Дури и светски познатиот германски фудбалер, член на германската фудбалска репрезентација и ФК „Баерн Минхен“, Томас Мулер на својот Facebook и инстаграм профил објави фотографија како појадува FAN мусли што се специјална едиција од Шубек за неговит омилен фудбалски тим, по оригинална рецептура на „Виталиа“.