Новиот „Стоби флипс“ од ПИ „Витаминка“ е со 30 отсто кикирики, покрцкав, со поголема форма на флипсот и во повеќе грамско пакување. Создавањето на „Магнус“ е во чекор со најновите трендови и е одговор на барањата на потрошувачите за флипс со збогатен и поинтензивен вкус на кикирики, од состојки со врвен квалитет и според добро познатата рецептура за истиот препознатлив флипс.
Развојот на „Стоби флипс“ секогаш ги следел барањата на пазарот, па така и „Магнус Стоби флипс“ во себе ги спојува модерната технологија за создавање флипс којшто изобилува со вкус на кикирики и најголемата форма на флипсот, збогатувајќи го пазарот со она што недостигаше. „Магнус Стоби флипс“ ја исполнува таа празнина и нуди поголемо уживање за потрошувачите. Од самото создавање, омилениот македонски флипс се одликува со уникатност, висок квалитет и единствен препознатлив вкус, но вистинската вредност доаѓа од неговата популарност меѓу повеќе генерации. „Магнус Стоби флипс“ ја продолжува истата тенденција нудејќи повеќе и посилен вкус од веќе препознатливиот флипс, објацнува Владимир Трпаноски, комерцијален директор во ПИ „Витаминка“.
Новиот флипс „Магнус Стоби флипс“ е достапен на пазарот веќе од денес во сите супермаркети, маркети и целата малопродажна мрежа.